Празнична компир салата

Малку поинаква и многу побогата компир салата која е добредојдена на празничната трпеза.

salata-2

Потребни намирници – 1 кг компири, 5 тврдо варени јајца, 2 главици кромид, 8 парчиња кисели краставички, 1 кисела јаболка, филџан мајонез, 1 лажичка сол и половина лажичка црн пипер.

salata

Подготовка

Сварете го компирот и јајцата. Откако ќе се изладат исечкајте ги на ситни парченца, додадете половина лажичка сол и убаво измешајте (а може по желба и да испасирате), па додадете го мајонезот и повторно измешајте. Сите останати намирници за подготвување на салатата исечкајте ги на многу ситни парченца и додадете ги во салатата, додадете ја останатата половина лажичка сол, црниот пипер и зачинете на крајот со две-три капки маслиново масло.

x

Check Also

Нов производ од Жито Лукс, идеален за домашна пица со неверојатен вкус

Сите љубители на ова безвременско италијанско јадење ќе се согласат дека тестото ...