Празнична медена куќичка

Многу одамна, во Германија, првата медена куќичка ја направил еден пекар, а бил инспириран од приказната за Ивица и Марица. Оттогаш медените куќички станаа најомилената торта на празничните трпези.

Во правењето на ваква куќичка од медењаци може да учествува целото семејство.

kuka-10

Потребни намирници за куќичката – 3/4 чаша млеко, 6 лажици путер или маргарин, 1 чаша кафеав шеќер, 1 јајце, 5 чаши брашно, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка ѓумбир во прав, 1 лажичка цимет во прав, пола лажичка сол, пола чаша меласа или пченичен сируп.

Подготовка

Во сад ставете го млекото и загрејте го. Отстранете го од шпоретот и додадете му ги кафеавиот шеќер и јајцето. Во друг сад измешајте ги брашното, меласа сирупот, содата бикарбона, ѓумбирот, циметот и малку сол. Соединете ги двете смеси и замесите. По потреба додадете повеќе брашно. Оставете го тестото да отстои во фрижидер најмалку 1 час.

kuka-4

Смеса за украсување и лепење на куќичката

На 3 белки од јајца додадете 450 грама шеќер во прав, 1/4 чаша вода и 2 лажици сок од лимон. Измешајте со миксер додека смесата стане цврста. Потоа, тестото развечете го со дебелина од пола сантиметар. На мрсна хартија нацртајте ги посакуваните форми на куќичката, па пресечете го тестото. Добиените форми печете ги на 180 степени околу 15 минути. Оставете да се изладат и спојте ги со лепило што се јаде или со леплива смеса од сопствено искуство.

kuka-1

Димензии на куќичката – За куќичката треба да направите преден и заден ѕид, два странични ѕида и две форми (правоаголни) за кровот. Кровот се состои од два правоаголника, со тоа што треба да биде долг 25 сантиметри, а широк околу 10 см. Страничните ѕидови треба да бидат широки 11,5 сантиметри, а долги 15 см, со тоа што меѓу тријаголникот кој се спојува со кровот треба да има раздалеченост од 7,5 см. Страните на тој триаголник се долги 9,4 см. Задната страна треба да биде долга 22, 8 см, а широка 15 см еднакво како и предната страна. На предната страна исечете прозорци и врата. Вратата поставете ја на средината, треба да биде широка околу 3,8 см и долга 5 см, а прозорците сместете ги покрај вратата – тие треба да се широки околу 2,5 сантиметри, а долги 4 см.

Шаблонот за куќата погленете го ТУКА.

kuka-2

Како да ја изградите куќичката?

На рабовите на страните нанесете од лепливата смеса и лесно спојте ги, држете ги неколку минути додека не се засушат. Најпрво залепете ги страните на куќата, а кровот оставете го за после 2-3 часа. Внимавајте на рабовите да ставите повеќе од смесата за бисвитот подобро да се спои. За украсувањето на куќичката ослободете ја фантазијата. Искористете ја смесата за украсување која по желба може дополнително да ја истакнете со помош на бои за храна и шарени желе бомбони. Прозорите може и да ги нацртате ако претходно не сте ги исекле, а ако сакате на нив да залепите бомбони бидете брзи зашто смесата бргу се суши. Од глазурата може да направите снег, а ситните бомбончиња може да ви послужат како украси околу вратата.

 

Рецептот е преземено од интернет списанието- гастро.хр

 

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...