Празнично украсување на трпезата во пастелни нијанси

Изборот на нежни, пастелни нијанси на трпезата ќе придонесат за еден сосема шик и необичен изглед во кој со задоволство уживаме со блиските и пријателите. Како да декорираме „пастелна“ трпеза? Едноставно, ставајќи акцент на детаљите.

Прво, изборот на чаршавот за масата треба да биде во нежна сива, бела, сребрена или светло розова боја. Потоа обрнуваме внимание на сервисот кој треба да биде во нежна нијанса која одговара со нијансата на чаршавот (нежно сина, нежно жолта, бебешка-розе). И оттука играта на нијаси започнува…

Продолжуваме со изборот на хартиени салвети, во потемна пастелна нијанса, декоративни лампиони и украси на масата – во неколку различни нежни бои, свеќички, цветови во „живи“ пастелни бои, па дури и колаченцата со крем во розова или небесно-сина боја.

За комплетно задоволство сервираме вино во нежно сина боја – Pasion Blue Chardonnay достапно во продажба и на македонскиот пазар.

А, на крајот, и просторот околу масата го украсуваме со балони во пастелни бои.

Уживајте во играта на пастелното и декорирајте ја трпезата со стил.

x

Check Also

Кој е Сем Асгари, љубовта на Бритни Спирс?

Сем Асгари е момче на Бритни Спирс од 2016 година. Во најголем ...