Празничната диета на Хали Бери

Диета во пет оброци

hali 3

Хали Бери има таканаречен план – пет фактори за исхрана. Тоа е, всушност, едноставна диета со пет оброци на ден. Во оваа диета не постојат ригорозни и болни вежби.

Диетата на оваа убава актерка не вклучува ни гладување, ниту пак следи некој конвенционален начин на исхрана од три оброка дневно. Причината зoшто се инсистира на пет оброка дневно е да се задоволи организмот со храна, но без прејадување. Така се одржува метаболизмот.

hali 4

Пет производи

Тајната на оваа диета е дека секој од овие пет оброци содржи по пет состојки. Тоа ги прави оброците едноставни, без непотребни калории. Освен тоа, на овој начин полесно ќе знаете што јадете.

Пет елементи

Диетата ги содржи петте основни елементи на исхраната : течност, протеини, сложени јагленохидрати, масти и влакна. Овие пет елементи се јадат во облик на пет оброци на ден, како што веќе напоменавме. Секој оброк содржи само пет состојки, додека подготвувањето не би требало да биде повеќе од пет минути, како ни варењето.

hali 1

Свежи производи

Важна причина зошто диетата на Хали Бери е една од најздравите е затоа што содржи мали количества на јагленохидрати и шеќер. Воглавно се базира на свежо овошје и зеленчук. Актерката нагласува дека по секоја цена ја избегнува индустриската и спакуваната храна.

 

М.Р.

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...