Пред-пролетната колекција на Алшар: Black and white.. and all in the middle

Кога пролетта доаѓа, се слави љубовта и виното, пристигнува и пред-пролетната колекција на Алшар.

Овие креации се игра од црна и бела боја, а на нив доминираат асиметричните форми и металните детали. Колекцијата содржи здолништа, фустани, кошулчиња со асиметрични ракави наменети за посебни пролетни моменти.

Прикажани се мал дел од креациите кои може да се погледнат во ателјето Алшар, а колекцијата постојано се надополнува со нови модели.

Фотосесијата е реализирана во ателјето на Микица Трујкановиќ.
Дизајнер: Силвија Михајловска
Фотограф: Крсто Златков
Модел: Маја Илиоска

x

Check Also

Летна чантичка од Mango инспирирана од морето

За сезоната лето 2019, широк избор на трендовски „плетени“ чанти најдовме во Mango, ...