Фото: Промо

Пред шест месеци се мерел на сточна вага, а денес е преполовен: Како ослабе Дамир Кустура?

Босанскиот театарски и филмски глумец со глобална кариера („Балкански шпион“, „Мемори фул“, „За оние кои не можат да зборуваат“ и др.), со својата дебелина стигнал до хамлетовската дилема
„Да се биде или не“. Победило она – да се биде, и Дамир Кустура симнал неверојатни 60 килограми со липосукциска исхрана.

Откако почнал да зема лекови и морал да престане да пуши, популарниот глумец Дамир Кустура почнал да наталожува вишок килограми. Килограмите пак, дополнително влијаеле на нарушување на неговото здравје, но и на расположението. Кога вагата покажала 160 килограми, Кустура одлучил – да живее. Сфатил дека ако продолжи со досегашното животно темпо, нема далеку да дотурка. По препорака на режисерот Пјер Жалица, кој веќе драстично ослабнал, се одлучил за неинвазивна липосукциска исхрана и денес е друг човек. Народски речено „се преполовил“.

Дамир Кустура
Фото: Промо

– Ми требаше нешто брзо и ефикасно, со брзо видливи резултати, за да добијам мотивација да продолжам понатаму – вели Кустура.

Глумецот ја објаснува својата ситуација: со 160 килограми не можел повеќе да се движи, постојано бил поспан, па дури задремувал и зад воланот и во театарот. Не можел ни да работи, немал желба да оди на кастинзи, зашто знаел дека не е способен да стои на нозе, искрено вели дека практично станал инвалид.

– Згора на тоа, поради тежината, ми дијагностицираа ревматоиден артритис, имав хронично воспаление на зглобовите, колениците ми беа целосно уништени – вели.

Дамир Кустура
Фото: Промо

Дошол до ситуација да не станува од кревет. Вообичаено јадел три оброци, но и сè што попатно ќе му се најде при рака. Ја загубил контролата, секогаш бил гладен… Не можел да се измери на обична вага, се мерел на сточна вага. Сепак, за да започне драстично да си го менува животот, сметал дека прво треба да постигне душевен мир, па да донесе цврста одлука. Така и било. Потоа, се препуштил на тимот на „Интернашнл хелт“, со кои постојано бил „на линија“. Тие го следеле секој негов чекор, а токму тоа му давало сигурност.

– Брзо следуваше првата реакција кога видов дека губам килограми. Имав 155 см обем на гради, метар и пол на струкот. По првите 15 дена изгубив по пет сантиметри, и тогаш тргна… Не може преку ноќ. Си поставив цел да ослабнам за шест месеци 60 килограми – денес задоволно се присетува Кустура.

Откако ја исполнил целта, нашол и личен тренер за да го обликува телото. Веќе шест месеци не јаде леб ни шеќер, всушност липосукциската исхрана му го променила и начинот на исхрана, засекогаш. Враќањето во живот, како што вели, му донело нови улоги, не само во регионот, туку и во Турција, за турската серија „Беса“.

Дамир Кустура
Фото: Промо

Сега кога го живее својот нов живот, глумецот се присетува дека до не така одамна облека за себе не можел да си купи во Сараево, зашто немало толкави броеви, но се присетува и на непријатниот однос на луѓето кон дебелите лица: – Беше страшно! Сите велат дека дебелите луѓе се весели, шегобијци, среќни… но тоа е заблуда! Ништо друго не ни преостанува освен да бидеме такви, да се
додвориме на сите можни начини за да им се допаднеме на луѓето. За некој да ги забележи нашите квалитети, мораме двојно да се потрудиме. Сите си даваат себеси право да го коментираат нашиот изглед, а ние на тоа се обидуваме да бидеме пристојни и духовити.

Дамир Кустура
Фото: Промо

Со овој ум, вели Дамир Кустура, никогаш веќе нема да си дозволи да се здебели. А оние кои сакаат да ослабнат ги советува: За добар почеток најважна е одлуката, но за истрајност – најдобра мотивација се брзите резултати. Тоа е причината зошто ја препорачувам липосукциската исхрана како метод за слабеење, затоа што дава видливи резултати за кратко време, кои секојдневно може да ги следите преку вашата облека, па практично вага не ви е потребна.

Невројатна привилегија е килограмите што сте ги насобрале и носеле во текот на многу години, да може да ги симнете за само неколку месеци, завршува Дамир.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „International Health“ – Скопје (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Интензивен влажен бран, подгответе се за претстојниот период!

Конечно пристигна вистинска есен, а пред нас се дождливи денови, студени, со ...