Повеќе од 16 месеци авторката Мартина Њуен разговараше со модниот дизајнер Карл Лагерфелд за да го направи документарниот филм.
Разговорите се однесуваа за неговата секојдневна работа помеѓу модните ревии и изложби на фотографии, за неговиот живот, неговата кариера и детаљите од светот на модата. Лагерфелд и дозволи пристап и до неговата приватна фото- архива.
Дополнително авторката оствари разговори и со неговите верни придружнички супермоделите Инес дела Фресанж, Клаудија Шифер и Линда Евангелиста, како и со неговиот долгогодишен пријател Герхард Стедл, со главната уредничка на германскиот Вог Кристијан Арп, со модниот критичар Сузи Менкес и членовите на неговиот тим.
Филмот насловен „Модата како религија“ (Mode als religion) премиерно ќе биде прикажан денес во Германија.