Премиера на „Проблемот на Тина“ – краток филм во режија на Радован Петровиќ

На 30 јуни (среда), со почеток од 21:00 часот во МКЦ парк ќе се одржи скопската премиера на „Проблемот на Тина“ – новиот краткометражен филм на Радован Петровиќ.

„Проблемот на Тина“, по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на Кино Око, раскажува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста  оди на првиот гинеколошки преглед.
Играат: Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицевска.
Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, а костимограф Жаклина Крстевска.

По премиерата следува DJ set на Nastasya Kish.

Влезот е слободен, со ограничен број на бесплатни билети. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

x

Check Also

Искористете го вашиот биоритам за да ги „стопите“ килограмите

Можеби не сте знаеле дека можете да го искористите вашиот биоритам за ...