Премиерите на земјите од регионов не заработуваат месечно ни за еден Бриони костум

Ви се чини дека се дотеруваат?
Од новата колекција на Бриони пролет 2013

Од новата колекција на Бриони пролет 2013

Српскиот портал Бизлајв ги објави примањата на премиерите од поранешните југословенски земји, поточно, нивната месечна плата и заштедата, односно имотот.
Според наведениот извор, премиерот на Србија, Ивица Дачиќ има месечна плата од 1.740 евра, премиерот на Црна Гора, Мило Џукановиќ е платен само 940 евра, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ – 1.600 евра, премиерката на Словенија Аленка Братушек добива бруто месечна плата од 4.712,76 евра, Вјекослав Беванда (БиХ) – 1.070 евра, а Никола Груевски – 1.300 евра.
Не навлегуваме во политика, ама од моден агол ситуацијава изгледа загрижувачка. Премиериве всушност навистина немаат доволно пари (откако ќе си ги платат основните сметки за струја, вода, парно…) ни за еден, да кажеме, деловен „Бриони“ костум.

x

Check Also

Викторија сикрет ја претстави празничната кампања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ангелите на Викторија сикрет Барбара Палвин, Биргит Кос, Елса Хокс, Лорен Дуран, ...