PREMIUM | долна облека која освојува

PREMIUM, ексклузивниот бренд за долна облека и костими за капење, постојано се надоградува со новитети, постојано расте и се развива. Минатите денови ја најавуваа новата кампања, а денес ја лансираат новата колекција есен 2019-та со модни градници и свилена линија на луксузна долна облека ноќници и пижами со тантела со висок квалитет наменета за секоја девојка и жена која сака убави работи за себе.

Продолжување на приказната за квалитет над луксуз означува проширување на асортиманот и збогатување на понудата со новата есенска колекција. Градниците се во сите големини, со фантастични дизајни и удобност. Од тимот истакнуваат дека особено новитет се градниците со поголеми броеви на корпи, наменети за девојки и жени кои имаат потреба од модел на градник кој ќе ги задоволи основните потреби, а во кој воедно ќе изгледаат привлечно и ќе се чувстуваат пријатно.

PREMIUM можете да ја посестите во ГТЦ Скопје, на приземје, а таму одберете го својот омилен излед кој освојува оваа есен и дозволете си квалитет над луксуз.

x

Check Also

Есенска модна инспирација: Каролина во боите на Mango

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова есен ...