PREMIUM | Колекција за разгалување на сите сетила

Македонскиот бренд Премиум е фантастичен новитет на нашето подрачје. Неговото фамозно отворање за кое сите зборуват предизвика голем број позитивни реакции и воздишки за колекциите кои ги понудија во ексклузивнниот салон во ГТЦ, Скопје.

Асортиманот на Премиум нуди разновидни призводи и модели кои се потребни за подигнување на квалитетот на секојдневието на современата жена. Како што велат од тимот, Секоја жена е кралица и го заслужува најдоброто за себе – така таа може да се избере од трендовските костими за капење, до долна облека за секојдневна употреба, или од внимателно дизајнираната линија на долна облека од тантела која ги буди сите сетилата. Сето тоа е изработено од врвни материјали, па затоа Премиум е бренд кој нуди беспрекорен квалитет.

За мажите, се појавуваат материјали кои досега ги немало на пазарот во ваква форма, меѓу кои микро модал и луксузен бамбус, мерцилиризан и египетски памук кои се забележуваат во секојдневна линија на функционална долна облека.

Чорапите и за мажи и за жени, добиваат своја ексклузивна линија, со подобрени својства на основните материјали и богат избор на бои и дезени како и од класичната така и од урбаната колекција за тренди изглед.

Мотото на брендот е Квалитет над луксуз, а сега можете да си дозволите разгалување на сите сетила со летната кампања од -30% на целиот асортиман во салонот во ГТЦ, приземје.

 

 

x

Check Also

Отворање на нови продавници Parfois во Тетово и Битола

Вашиот омилен протугалски бренд за асесоари Parfois – поблиску до вас! Сега, со ...