Преостануваат уште три дена за дарување, израдувајте ги нашите дечиња од с.Орешани!

Проектот Елки на хуманоста трае заклучно со 4-ти јануари, преостануваат уште три дена да ја покажете вашата хуманост и да дарувате слатки подароци или облека, за „нашите“ дечиња од социјално загрозеното семејство од с.Орешани. Претставници од нашиот медиум ќе ги достават вашите подароци в петок, непосредно пред големите божиќни празници, во рацете на 8-те дечиња кои се испружени и ја чекаат и вашата помош.

Ова е нашата хумана елка која заедно со вас треба да им донесе насмевки на 8 деца од социјално загрозеното семејство од с. Орешани. Не ја одминувајте нашата елка!

12-те елки на хуманоста се поставени на вториот кат во Скопје сити мол, и секоја од овие елки има „задача“ да собере донации за по едно социјално загрозено семејство, односно за нивните дечиња. Нашата редакција – макмода.ком собира подароци за дечињата од с.Орешани, а во хуманата акција ни се приклучија повеќе популарни личности меѓу кои и Лила.

„Дојдете и оставете што мислите и што можете за овие дечиња. Макар и едно чоколадо! Ним вашиот подарок многу ќе им значи“, порачува Лила.

МАКОМОДА.КОМ Ве повикува да ни се придружите во оваа хумана мисија и да помогнете со дарување на практични или слатки подароци за преслатките деца од социјално загрозеното семејство Лазарови од с. Орешани во кое работи само таткото Сашо. Подароците можат да бидат од чоколада, новогодишни пакетчиња па се до топла облека, подароци со кои ќе им ги разубавиме и ним најубавите празници во годината и ќе направиме да се чувствуваат среќни, исполнети и стоплени.

Не ја одминувајте нашата хумана елка поставена во Скопје Сити Мол на вториот кат! Не одминувајте ја среќата која треба да ја донесеме до 8 пара подадени рачиња. Заедно. 

x

Check Also

Новогодишна кампања на Pull & Bear: Еве што предлагаат за дотерување во празничната сезона

Holiday 2019 party е името на новогодипната кампања на модната марка Pull & Bear. Моделите ...