Препознајте го карактерот на мажот според гаќите за капење

И мажите имаат свој омилен стил на облекување на плажа. Едни носат само боксерки, други бермуди, трети старомодни слип гаќички… Едно истражување направено меѓу продавачите на костими за капење покажува дека гаќите лесно го откриваат карактерот на оној што ги носи.

Боксерки

Боксерки носат мажи што се подготвени за врска, кои не се плашат од обврски, а најчесто станува збор за конвенционални и традиционални типови. Тесни боксерки пак претставуваат сосема друг тип на маж, односно маж кој има многу големо мислење за себе и за своето тело, најчесто нарцисоиден и кој е во потрага по замислена „совршена“ жена на која бездруго повторно ќе и најде безброј маани.
Слип-гаќички

Тие потсетуваат на минатото, ретро се, но оној што ги носи на плажа или е пливач или ватерполист, што значи има спортски дух и карактер, или пак мажи што сакаат да ја истакнат својата машкост. Во секој случај станува збор за самоуверен маж, во првиот случај позитивно самоуверен, а во вториот расположен за авантури и брзи врски.

Сурферски гаќи

Популарните сурферски гаќи опишуваат маж кој е ноншалантен, кој сака да се забавува и отворен е за нови пријателства. Овие фраери бараат во врската партнерка која е забавна, која пред се ќе им биде другар и не се опседнати со физичкиот изглед.

Бермуди

Бермудите до коленици опишуваат маж што не се опседнува со ситници, релаксиран е, добро се чувствува во својата кожа, забавен е и романтичен кога треба. Сепак, мажите што носат бермуди во силни бои или со специфични дезени сакаат да бидат во центарот на вниманието и немаат проблем со расфрлање на чувствата.

x

Check Also

Љубовни проблеми од ретроградната Венера за овие 4 хороскопски знаци

За сите хороскопски знаци ретроградната Венера значи дека треба да си ги ...