Преслатки нови парфеми од Nina Ricci, во мирис и изглед на летото

Пријатно изненадување ни носи новата колекција на парфеми дизајнирани за топлите денови од Nina Ricci. Парфемите во шишенце со форма на јаболко доаѓаат во три нијанси – зелена, сина и розова, под името Les Sorbets de Bella, Les Sorbets de Luna и Les Sorbets de Nina.

Базата на  Les Sorbets de Belle ја  прават дрвените ноти и овошните мириси кои потсетуваат на слатки десерти идеални за летните денови. Les Sorbets de Luna е мирис кој содржи ноти на свежо овошје помешани со светни ноти – јасмин, магнолија и божур. Базата ја прави мошусот, додека горните ноти се бергамот и крушки.

Les Sorbets de Nina пак, е комбинација од слатка карамела со кисели ноти на лимон и малини, а целата миризба потсетува на неодоливите слатки пралини.

Супер освежување за лето 2019.

 

x

Check Also

ЧИСТИ ФОРМУЛИ – МОЌНИ РЕЗУЛТАТИ!

Новата линија за нега на кожа на AVON е составена од 5 ...