Преслатки велигденски колаченца – јајца и цветови

Испобајте го овој пресладок велигденски рецепт и направете „ванилици“ во облик на пролетни цветови и јајца.

Намирници – 200 грама путер или маргарин на собна температура (не смее да биде премек), 2 жолчки од јајца, 100 грама шеќер, 2 ванилин шеќер и 300 грама брашно

Подготовка

Измиксајте го путерот, жолчките и шеќерите, потоа додадете го брашното па рачно замесете го тестото. Не треба да додавате млеко ниту вода. Доколку тестото ви изгледа меко, оставете го во фрижидер 30-на минути, тоа зависи колку путерот ви бил мек. Тестото развелкувајте го тенко на добро набрашнета подлога, а тестото набрашнете го и одозгора пред развлекувањето. Рерната вклучете ја на 180 степени и оставете ја да се грее. Тавчето од рерата прекријте го со мрсна хартија за печење. Со помош на калапчиња исечете форми по желба. Калапчињата секогаш пред сечење натопувајте ги во брашно. На половина од бисквитите издлабете им дупче на средината.

Густо наредете ги бисквитите во тава за печење. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10 до 15 минути. Додека едни кекси се печат направете други.

Печените кекси премачкајте ги со полнење по желба. Полнењето, кремот или мармаладот, одберете го во жолта боја. Бисквитите кои имаат дупче посипете ги со шеќер во прав, па такви попрашени залепете ги врз полнењето.

 

x

Check Also

Посни бомбици од бадеми и портокали

Ви требаат идеи за посни слатки? Еве една прекрасна која се подготвува ...