Пресметајте го вашиот годишен број и откријте што ви носи 2018 година

Што ви носи 2018 година? Нумерологијата има одговори.

Постапката за да го пресметате вашиот годишен број е следна – Запишете ги денот и месецот кога сте родени и додадете ја актуелната година 2018. На пример, ако сте родени на 12.05 (12-ти мај), направете го следново: 1+2+0+5 = 8. На бројот кој ќе го добиете, во случајов бројот 8, додадете 2018, односно, 8+2+0+1+8= 19, па потоа 1+9=10, па потоа 1+0= 1. Треба да добиете едноцифрен број. Во овој пример, бројот 1 е годишниот број кој ќе ја одбележи новата година.

Пресметајте го вашиот годишен број и во продолжение проверете што ви носи 2018 година.

Годишен број 1

Овој број означува нов почеток. Оваа година може да очекувате промени и нови животни прилики. Затоа бидете одлучни. Ќе доживеете наплив на нова енергија и нови идеи. Своите потреби ставете ги на прво место зашто годината ви е исклучително наклонета.

Годишен број 2

Бројот 2 значи трпение и балансирање. Оваа година ќе ви донесе стабилизирање на тоа што до сега сте го работеле. Годината ќе ви започне бавно и ќе имате впечаток дека ништо не се случува. Бидете трпеливи. На крајот ќе се случат клучни промени. Во оваа година на прво место се љубовта и емоциите. Оние кои се во врска годинава ќе сфатат дали е таа корисна врска или треба да ја прекинат, а оние кои се слободни би можеле да запознаат сродна душа.

Годишен број 3

Бројот 3 означува социјализација и креативност. 2018 за вас ќе биде исполнета со средби, енергична и динамична година. На виделина ќе дојдат сите работи кои сте ги постигнале. Со оглед на тоа дека животот ќе ви биде бурен, потребно е да вложите повеќе време во планирање и дефинирање на предностите. Во оваа година треба повеќе време да минувате во друштво, да се поврзете со старите пријатели, а за возврат ве очекува многу позитивна енергија, радости и забави. Ако сте уметничка душа, шанса е за квалитетни дела.

Годишен број 4

Бројот 4 значи ред, труд и вложување. Годината ќе ја посветите на се што е потребно да направите за квалитетен живот, а до сега не сте го направиле. Тоа може да значи и грижа за вашето здравје, грижа за телото, промени во домот, решавање на долгови од минатото, школување или некој друг вид на лично унапредување. Ваквите одлуки во оваа година ќе бидат долгорочни и ќе ви донесат успех во иднина. Поставете си јасни цели, планирајте и носете цврсти одлуки.

Годишен број 5

Бројот 5 означува промени и авантури. Годината ќе донесе очекувани и неочекувани промени кои ќе се појават во разни облици и на сите полиња. Кај некои тоа може да значи дури и селидба, нова работа, нова љубов, додека други тоа ќе го доживеат со нови планови, нови размислувања или нов животен стил. Ќе ви се отворат бројни можности и затоа треба да заборавите на старите навики кои до сега ве стопираа. Во 2018 ќе бидете привлечени и од ситни пороци како што се претерување со храна или пиење, страсти, излегувања или трошење на пари, па затоа е важно да бидете умерени.

Годишен број 6

Бројот 6 означува љубов, одговорност и семејство. Годината ќе биде во знакот на несебичноста и важно е да им се посветите на блиските. Понудете го вашето „рамо за плачење“ и на пријателите, покажете им дека ви значат. 2018 е во знакот на љубовта, па не е исклучено да ви се случуваат и брзи вљубувања, почеток на нови врски, додека оние кои се во врска можат да очекуваат голем чекор нанапред, дури и брак. Од друга страна пак, лошите и нестабилни врски ќе завршат.

Годишен број 7

Бројот 7 означува духовен развој и преиспитувања. Во овој период многу е важно да направите лична анализа и да дефинирате што точно сакате, што ви пречи, а што ве радува. 2018 година не е идеална за нови промени, туку важно е да застанете, да направите чекор наназад и да размислите за се што досега сте направиле. Во овој период ќе биде добро да работите на своите потенцијали. Започнете некоја активност за која долго сте размислувале, може да запишете курс по странски јазик или настава за лично усовршување.

Годишен број 8

Бројот 8 ги означува кариерата и финансиите. Оваа година ќе биде во знакот на работата. За некои ќе се отворат нови деловни можности или унапредување на работното место, додека други ќе почувствуваат раст на трошоците и намалување на финансискиот прилив. Треба многу да внимавате при носење на големи финансиски одлуки. Добро размислете што сакате од животот, па дури потоа тргнете во реализација на своите желби.

Годишен број 9

Бројот 9 означува трансформација и завршување на еден циклус од 9 години. Најважен дел од оваа животна трансформација е да оставите зад себе се што повеќе ништо не ви значи во животот, без разлика дали се работи за работа, за љубов или за градот во кој живеете. 2018 ќе биде идеална за „чистење“ на животот, со цел догодина да почнете нови успешни почетоци. Иако бројот 9 значи крај, тој е и симбол на новото раѓање, па затоа многу е важно во следниве 12 месеци да активирате се на што сте работеле во изминатите години. Очекувајте најдобро и најдоброто ќе го добиете.

x

Check Also

Државна Лотарија го додели првиот МИНИ од инстант лозот МИНИ и МАКСИ

Најновиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија наречен МИНИ и МАКСИ ...