Pret a city: Лина Данова

Позната како урбана девојка, Лина Данова, преведувач и толкувач по професија, но и модна колумнистка, зборува за модните дизајнери кои ја инспирираат, на што би ги потрошила „последните“ пари во паричникот, и со какво парче гардероба би се почастила за Нова година.

lina111

Која модна тема моментно те преокупира на која би се „фрлила“ да ја напишеш?

Веќе некое време размислувам дали влијанијата од периодот на адолесценцијата за секогаш ќе нѐ следат во нашите модни избори, односно, дали тоа што нѐ обележало додека сме биле млади тинејџери ќе нѐ обележува засекогаш.

Од кои странски модни списанија се информираш?

Од францускиот „Ел“.

Кои од новите модни дизајнери те инспирира?

Не сум сигурна дека ги познавам добро новите модни дизајнери за да најдам инспирација директно кај нив. Ми се допаѓа тоа што гоlina 2 прави Jaquemus, ама истовремено ме потсетува малку и на Маргиела и на Селин , а нив многу ги сакам. Инаку од „старите“ ги сметам за секогаш нови и актуелни Сен Лоран, Готје, Соња Рикиел, Вивиен Вествуд… Доказ дека некои концепти немаат смрт.

Препознатлива си по смелиот стил. Како би го дефинирала својот стил?

Не сметам дека имам особено смел стил од аспект на бои и комбинации освен во фактот што расположението директно ми влијае врз изборот на гардероба за дента или вечерта, па може да се рече дека е смело тоа што се препуштам да бидам прочитана од тоа што го носам. Инаку мислам дека стилот ми е релативно едноставен. Изгледа од деведесеттите години на 20. век може да избегам само со малку седумдесетти. Сакам да комбинирам парчиња што се наоѓаат на двата краја од палетата на нежноста.

Позната Македонка за која би кажала „има многу стил“ .

Оливера Трајковска.
Што и недостига според тебе на македонската модна сцена?

Лежерност.

Чевли или чанта, на што би ги потрошила последните пари во паричникот?

На водка-мартини.

Што правиш со гардеробата која си ја изгустирала и веќе не ја носиш?

И ја давам на Џули. 

Имаш ли парче во гардероберот постаро од, да кажеме десет години, а за кое сметаш дека никогаш не излегува од мода?

Се разбира! Моите црни Док Мартинс од пред 18 години и Левис 501 од пред 15 години. И тогаш беа винтиџ, ама ми фалеа во плакар и морав да ги набавам. Плус свилени марами што сум ги наследила од мајка ми.
Со што ќе се почастиш за Нова година?

Би си набавила еден ваков лежерен фустан од  Fashion & Friends.

slika 111

А кога веќе сум таму  (во Fashion & Friends), и баш ваква јакна.

slika 2222

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...