Претпразнично слабеење без диета

Дали упорно настојувате да го симнете вишокот килограми, но тоа никако не ви оди од рака? Пробајте некои од овие трикови. Ако редовно ги применувате ќе си обезбедите себе си повитко и поздраво тело.

Santa Claus slippers on weight scales

Разблажете го сокот со вода

Комбинирајте го омилениот сок со обична или минерална вода. Така можете да намалите дури 85 калории по чаша и годишно да изгубите 2-3 килограми.

Читајте го составот на производите кои ги купувате

Дали помисливте дека тие слатки, грицки или сокот кој штотуку го консумиравте содржи 200 калории? Погледнете ја внимателно декларацијата, можеби ќе откриете изненадувачки податоци.

Christmas-Diet2-1024x586

Зелен чај пред шетање

Кофеинот ги ослободува масните киселини, а тоа помага кај лесното согорување на вишокот маснотии. Кога полифенолот од зелениот чај ќе се „здружи“ со кофеинот, дејството е уште поголемо. Но, доколку имате висок крвен притисок  избегнувајте го овој совет.

Избегнувајте ги диеталните пијалаци

Диеталните пијалаци само моментално ги намалуваат калориите, додека вие подоцна ќе изедете многу повеќе.

Понесете си ручек на работа

Ако својата пауза за ручек ја користите за одење во ресторан или нарачувате брза храна пет пати неделно или повеќе, во себе дневно внесувате 300 калории повеќе отколку што треба. Ручекот кој сами го подготвувате дома е многу поквалитетен оброк – поздрав е и помалку дебелее.

holiday-fitness

Наместо путер употребувајте маслиново масло

На леб подобро ставете маслиново масло отколку путер. Поздраво е и ќе ви помогне помалку да јадете. Според едно истражување испитаниците кои го макале лебот со маслиново масло внесувале 52 калории помалку од оние кои користеле путер.

Посипете ги житарките со ленено семе

Лененото семе има големо количество влакна и можат да ви помогнат да го намалите апетитот и да ги отстраните калориите. Додадете ги на утринските житарки и прелијте ги со јогурт. А, можете и да направите здрав кекс со сусам и лен и да ги грицкате во текот на денот.

Двојно зголемете го внесувањето на вода

Ако на работа консумирате вода од шише, следниот пат наместо мало пакување земете поголемо затоа што така ќе испиете повеќе вода.

mag_health_hero_healthyxmas_cracker

Излажете ги сетилата

„Шмукајќи“ бонбони од еукалиптус или ментол можете да го „излажете“ своето сетило за вкус и така во моментот да ја сопрете желбата за храна.

Зачинете ги оброците

На своите оброци додадете им чили – ќе ви помогне да не јадете премногу често.

Не го ситнете зеленчукот за салата

Наместо ситно да го сечете или рендате, исечете поголеми парчиња тиквичка, целер, морков и друг зеленчук од кој планирате да ја направите салатата. Така ќе вложите поголем напор во џвакање, па со тоа на крај повеќе ќе џвакате, а помалку ќе изедете.

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...