Претставен Galaxy Z Fold2: Спој на елеганција и автентични иновации

 Како трета генерација на телефони на преклоп на Samsung, Galaxy Z Fold2 го комбинира импресивниот дизајн со најнапредните технолошки решенија

 

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd денеска официјално го претстави Samsung Galaxy Z Fold2, третата генерација од своите паметни телефони на преклоп. Овој уред носи потполно ново искуство на љубителите на најсовремените технолошки решенија во комбинација со елегантен дизајн. Со поголем надворешен и масивен главен екран, Galaxy Z Fold2 го трансформира начинот на кој се доживуваат и се користат паметните телефони.

 

„Патот кон новата генерација на мобилни телефони е секогаш патот на оригиналноста и иновациите“, изјави Др. TM Roh, претседател и директор на одделението за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Моделот Galaxy Z Fold2 е резултат на анализа на коментарите на нашите корисници, затоа што сакавме да бидеме сигурни дека ќе им понудиме хардверско унапредување и иновации на софтверот кои им се навистина неопходни. Дополнително зајакнати со партнерствата со компаниите Google и Microsoft, продолжуваме  посветено да работиме на трансформацијата на корисничкото искуство“.

 

Нов, унапреден дизајн

 

Galaxy Z Fold2 го спојува храбриот, иновативен дизајн со напредните инженерски решенија

  • Комплетно доживување во гледањето на видео содржини– Infinity-O надворешниот екран од 6,2 инчи обезбедува неограничени можности за корисниците, да бидат во можност да проверуваат електронска пошта, да ги пратат насоките кон локацијата или да ги гледаат омилените видео содржини без потреба да се отвори уредот. Кога ќе се отвори, масивниот главен екран од 7,6 инчи со максимално намалени рабови и предна камера без исечок на екранот, на корисниците им пружа врвни можности за играње игри, со стапка за освежување од 120Hz. Дополнително, благодарејќи на динамичните дуал звучници, Galaxy Z Fold2 доаѓа со најдобрите аудио перформанси досега, со унапредени стерео ефекти и уште почист звук.
  • Усовршен дизајн и технички решенија – Galaxy Fold2 доаѓа со елегантен дизајн и истанчен стил. Главниот екран е направен од Samsung Ultra Thin Glass стакло кое што овозможува премиум доживување. Hideaway Hinge шарката, која што дискретно се вклопува во куќиштето на уредот, е главен елемент на новиот дизајн. Шарката се одликува со специјален CAM механизам кој што му овозможува на уредот да стои самостојно, додека за безбедноста при преклопување е задолжена револуционерната slim cutting технологија. Galaxy Z Fold2 користи и специјална технологија за чистење, која што ги отстранува честичките од прашина од просторот помеѓу куќиштето и шарката. Бидејќи ова е трета генерација на преклопни уреди, овој sweeper механизам остварува поефикасни резултати, иако просторот за него е дополнително намален во споредба со моделот Galaxy Z Flip.

Корисникот одбира: Следење на содржини на надворешниот и главниот екран

Новиот Galaxy Z Fold2 со иновативната преклопна форма и софистициран дизајн максимално ќе го унапреди корисничкото искуство. Овој уред поддржува два режими, Flex mode за работа на поделен екран и App Continuity за непречена работа во апликациите додека се преминува од надворешниот на главниот екран. Оваа флексибилност им овозможува на корисниците да креираат или да гледаат содржина на надворешниот или на главниот екран, во зависност од нивните желби.

  • Флексибилен и продуктивен уред – Со Flex mode, создавањето и уредувањето на содржини во реално време е полесно како никогаш досега.  Capture View Modeим овозможува на корисниците да гледаат фотографија или видео кое штотуку го снимиле, додека можно е и да се прегледуваат и петте последни снимки на долната половина од главниот екран, но и да се прикажува изгледот на идната снимка на горниот дел од овој екран. Со режимот  Auto framing, Galaxy Z Fold2 снима hands-free видеа, при што актерот секогаш ќе биде во фокусот, дури и ако се движи. Тоа овозможува многу квалитетни сминки од танцувачки потези или тренинзи, без потреба да се држи уредот во рака.
  • Нови креативни можности Сега и фотографот и фотографираната личност можат да учествуваат во создавањето на фотографиите, чиј preview се гледа и на надворешниот и на внатрешниот екран благодарејќи на Dual Preview опцијата. Дополнително, благодарејќи на флексибилноста на моделот Galaxy Z Fold2, сега се можни поквалитетни селфи фотографии со задната камера, при што надворешниот екран служи како приказ на идна фотографиј.
  • Функции на Flagship камерата Камерата на Galaxy Z Fold2 нуди перформанси на flagship телефон. Со Pro Video mode, Single Take, Bright Night и Night Mode, Galaxy Z Fold2 им помага на корисниците секој момент да го забележат во врвен квалитет.

 

Максимално зголемување на продуктивноста

Galaxy Z Fold2 ќе им овозможи на корисниците врвна продуктивност со напредните мултитаскинг можности и едноставно користење.

  • Подобрени мултитаскинг алати  – Со напредниот Multi-Active Window, корисниците можат полесно и пофлексибилно да го контролираат распоредот на вклучените апликации на екранот, додека сега е можно и истовремено отворање прегледување на повеќе документи во иста апликација.Подобрената Multi-Window Tray овозможува отворање на повеќе апликации со помош на функциите App Pair и Edge Panel, додека drag and drop опцијата служи за едноставно преместување на содржини, како текст, фотографија или документ, од една во друга апликација. Split Screen Capture служи да им овозможи на корисниците да го префрлам sreenshot-от од една во друга апликација.
  • Персонализирано корисничко искуство Во одделот Подесувања, корисниците можат да изберат интерфејс на главниот екран во склад со своите потреби.
  • Оптимизиран приказ на апликации– Корисниците сега можат да го оптимизираат и да го унапредуваат и визуелниот сегмент на омилените апликации, вклучувајќи ги Gmail, YouTube и Spotify. Главниот екран овозможува да се доживеат апликациите на Office во Microsoft 365 исто како на таблет. На пример, корисникот може да користи Microsoft Outlook како на таблет, со Inbox делот на лева страна и новите мејлови на десна. Исто така, може да креира документи во Microsoft Word, Excel и Power Point програмите, со toolbar како оној на компјутер. 

 

Galaxy уред со предности од партнерствата со компаниите Google и Microsoft

Низ долгогодишното партнерство со компанијата Google, Samsung постави екосистем и за уредите на преклоп, додека благодарејќи на партнерството со компанијата Microsoft, корисниците на телефонот Galaxy Z Fold2 можат да бидат продуктивни и ефикасни.

Потпирајќи се на долгата традиција со врвен квалитет, Samsung повторно ги поместува границите на иновациите и инженерството. Со моделот Galaxy Z Fold2, корисниците добиваат уред со целодневна батерија од 4500mAh во комбинација со супер-брзо полнење што значи дека не треба да се грижат дали уредот ќе се испразни. Овој модел нуди и можност за безжична конекција Samsung DeX заради подобрена продуктивност, додека технологијата UWB (Ultra Wide Band) интегрирана во уредот овозможува брзо споделување на датотеки, фотографии или видеа со Nearby Share.

Galaxy Z Premier услуги

Со Galaxy Z Fold2 корисниците ќе можат да пристапат на Galaxy Z Premier услугите: посебна поддршка на корисниците на овој уред, сега ќе биде полесно од било кога да се закажат состаноци, да се поврзете еден-на-еден со експерти и да откриете целиот потенцијал кој го нуди Galaxy Z Fold2. На корисниците со купувањето ќе им биде обезбедена и посебната еднократна Samsung Care+ заштита заслучајно оштетување во рок од една година од датумот на купување.. Исто така, корисниците на Galaxy Z Fold2 ќе имаат најквалитетно мобилно искуство благодарение на гарантираните три генерации надградби на Андроид оперативниот систем.

Достапност

Galaxy Z Fold2 ќе биде достапен од 18-ти септември во Мистично Црна и Мистично Бронзена боја, на околу 40 пазари, вклучувајќи ја и Македонија. На домашниот пазар ќе се продаца по цена од 123.999 денари.

Повеќе информации за Samsung Galaxy Z Fold2 се достапни на  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold2/.

 

Galaxy Z Fold2 Спецификации на производот
Екран Главен Екран*

– 7.6” QXGA+ Dynamic AMOLED 2X Екран (22.5:18) Infinity Flex Екран (2208 x 1768), 373ppi

Надворешен Екран**

– 6.2” HD+ Super AMOLED Екран (25:9), 2260 x 816, 386ppi

*Главен Екран: Екранот се мери дијагонално како полн правоаголник без да се пресметуваат заоблените агли. Вистинската површина е помала како резултат на заоблените агли

**Надворешен Екран: Екранот се мери дијагонално како полн правоаголник без да се пресметуваат заоблените агли. Вистинската површина е помала како резултат на заоблените агли

Димензии и тежина Преклопен: 68.0 x 159.2 x 16.8mm (Шарка) ~ 13.8mm(Дебелина на свитканиот уред), 282g
Непреклопен: 128.2 x 159.2 x 6.9mm(Рамка) ~ 6.0mm(Екран) , 282g
Камера Камера на предниот екран 10MP Селфи камера : F2.2, Големина на пиксели: 1.22μm, FOV: 80˚
Предна камера 10MP Селфи камера: F2.2, Големина на пиксели: 1.22μm, FOV: 80˚
Задна тројна камера 12MP Ултра Широка Камера: F2.2, Големина на пиксели: 1.12μm, FOV : 123˚

12MP Широко-аголна камера: Super Speed Dual Pixel AF, OIS, F1.8, Големина на пиксели: 1.8μm, FOV: 83˚
12MP Телефото камера: PDAF, F2.4, OIS, Големина на пиксели: 1.0μm, FOV: 45˚
Dual OIS, 0.5x out and 2x in оптички зум, до 10x дигитален зум, HDR10+ снимање, Следење AF

AP 7㎚ 64-bit Octa-Core Процесор (3.09㎓ + 2.40㎓ + 1.80㎓)
Меморија 12GB RAM со 256GB внатрешна меморија (UFS3.1)**

.  Достапната количина на простор за складирање може да зависи од претходно инсталираниот софтвер

Батерија 4500mAh (типична) дупла батерија*

*Типична вредност тестирана под лабораториски услови од трети лица и претставува проценетата просечна вредност со оглед на отстапувањето во капацитетот меѓу примероците на батеријата тестирани според IEC 61960 стандардот. Оценетиот (минимален) капацитет е 4365mAh. Вистинското траење на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, моделите на употреба и други фактори.

Полнење Брзо полнење компатибилно со жица и безжично*
Безжично PowerShare**

*Жично полнење компатибилно со QC2.0 и AFC, Безжично полнење компатибилно со WPC и PMA

** Wireless PowerShare е ограничен на Samsung или други паметни телефони со безжично полнење WPC Qi, како што се Galaxy Z Fold2, Galaxy Note20, Galaxy Note20 Ultra Galaxy S20, S20 +, S20 Ultra, Galaxy Z Flip, Galaxy Note10, Note10 +, Galaxy S10e, S10, S10 + S9, S9 +, S8, S8 +, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge +, Note9, Note8, Note FE, Note5 и носечки уреди како што се Galaxy Watch Active, Gear Sport , Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може да не работи на одредени уреди на други бренд уреди. Може да влијае на приемот на повикот во зависност од вашата мрежна околина.

OS Android 10
Мрежа [LTE]*: Подобрен 4X4 MIMO, 7CA, LAA, LTE Cat.20
– До 2Gbps Download / До 200Mbps Upload
* Брзината може да варира во зависност од пазарот и операторот.
Поврзаност [Wi-Fi] 802.11 a/b/g/n/ac/ax HE80 MIMO, 1024QAM

[Bluetooth]* Bluetooth® v 5.0 (LE up to 2Mbps), USB type-C, NFC, Локација (GPS, Galileo, Glonass, BeiDou)

[Ultra Wide Band] *Galileo и BeiDou достапноста може да варира во зависност од земјата.
SIM Картичка Една eSIM и една Nano SIM
*СИМ-картичката се продава одделно. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот.

* eSIM бара безжична услуга која ќе им дозволи на корисниците да го активираат мобилниот телефон без употреба на нано SIM. Достапноста на eSIM може да варира во зависност од верзијата на софтверот, пазарот и операторот. Проверете со вашиот оператор дали неговата мрежа поддржува eSIM.

Плаќање (Samsung Pay) Кредитни и дебитни картички: поддржува MST и/или NFC
Членски картички, Картички за подароци, Транзитни картички, Reward point услуги

*Достапно во одбрани земји, може да варира во зависност од пазарот, операторот и давателите на услуги.

Сензори Сензор за отпечатоци (странично), Акцелерометар, Барометар, Жироскоп, Геомагнетски сензор, Hall сензор, Сензор за близина, Сензор за светлина
Автентикација Тип на заклучување: Шема, ПИН, лозинка

Биометриски тип на заклучување: Сензор за отпечатоци*, Препознавање лице

* Galaxy Z Fold2 има сензор за отпечатоци на страна.

Аудио Стерео звучници

Surround звук со Dolby Atmos технологија (Dolby Digital, Dolby Digital Plus вклучено.)
UHQ 32-bit &DSD64/128 поддршка*, PCM: До 32 bits, DSD: DSD64/128
Аудио плејбек формат : MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF

*DSD64 и DSD128 плејбекот може да биде ограничен во зависност од форматот на документот.

Видео Видео плејбек формат: MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM
TV конекција:  Безжично: Smart View (прикажување на сликата на телевизија во резолуција од 1080p на 30fps) /

Кабловска конекција: поддржува DisplayPort врз USB type-C. Поддржува видео конекција преку HDMI адаптер. (DisplayPort 4K UHD на 60 fps)

Безбедност Knox заштита: мониторинг и заштита во вистинско време.
Заштита од вируси и малициозни софтвери. (McAfee)
Безбедна папка: сигурен простор на уредот за чување на апликации, фотографии и видеа, обезбедени со скенирање на отпечаток од прст.
*Заштита од вируси и достапноста на решенијата варира во зависност од маркетот.
Бои                                                                              [Главна боја]

Мистично црна, мистично бронзена

 

 

Во кутијата              Galaxy Z Fold2, Data кабел, Travel адаптер, Ejection Pin, Quick Start Guide

Слушалки (USB Type-C) AKG, Galaxy Z Premier Service брошура, Brand Story брошура

* Одредените компоненти, вклучително и слушалките, може да не бидат достапни во зависност од моделот што го купувате, пазарот или регионот. Бојата на пакувањето може да варираат во зависност од бојата на уредот.

*Сите спецификации и описи дадени овде може да се разликуваат од реалните спецификации, Samsung го задржува правото да ја менува содржината на оваа табела, вклучително и функциите, спецификациите, GUI, сликите, видеата, придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста, можностите и други информации за производот, без претходна најава.

 

x

Check Also

Запознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да ја изразите својата индивидуалност благодарение ...