Претставена колекцијата на H&M во соработка со Ричард Ален, во продажба од 22ри август

Со први фотографии од рекламната кампања модниот гигант H&M ја претстави колекцијата дизајнирана во соработка со еклектичниот британски бренд Ричард Ален.

Ричард Ален е британска модна марка основана во 1962 година, позната по прочуените марами со раскошни принтови, апстрактни шари и живописни бои.

-Прекрасно е што принтовите од мојот татко ќе ги носи цела нова публика, тој сигурно би бил воодушевен, така како што сум и јас. Многу од неговите впечаливи дизајнерски креации релевантни се и денес, како што беа кога беа создавани – од 60те до 80те години, а оваа реинтерпретација на H&M за 21от век е навистина инспиративна, рече Кејт Ален, креативната директорка на модната куќа Richard Allan London.

Женската колекција на H&M  ќе биде во знакот на принтовите препознатливи за Ричард Ален. Во продажба ќе биде од 22ри август.

Погледнете ги првите фотографии од кампањата.

 

x

Check Also

iPhone 11 во продажба од 20.септември: Повеќе камери, повеќе бои и помала цена

Apple го претстави новиот iPhone 11. Кампањата најави три нови изданија : iPhone 11 ...