Претставена новата колекција на „Гучи“ инспирирана од Атина и Рим

Креативниот директор на модната марка „Гучи“, Алесандро Микеле, ја донесе модата во срцето на ренесансата во неговиот роден град, Фиренца. Во Палатата Пити за првпат беше одржана модна ревија.
Првичната идеја на Микеле беше новата колекција на Гучи да ја прикаже во атинскиот Акропол, но откако грчките власти го одбија, ревијата беше префрлена во Фиренца. Во меѓувреме и инспирацијата за колекцијата која доаѓаше од модата на старата грчка култура беше дополнета и со модни парчиња инспирирани од старата римска култура.
-Не можевме да го добиеме Акропол во Атина, па се свртив кон другото големо поглавие на нашата цивилизација, ренесансата. Затоа дојдовме во Фиренца, градот со фасцинантна историја во кој се вртеле многу пари“, објаснува Микеле.
Колекцијата изобилуваше со модни парчиња украсени со светки и бисерчиња, турбани со животински принт, очила за сонце со нагласени детаљи на рамките, антички мотиви…Потоа, позлатени венци како модни додатоци, фустани со насликани набори, но и модели со нагласено лого од „гучи“ и пораки од типот Guccy, Guccification и Guccify Yourself.
Се очекува колекцијата да постигне голем комерцијален успех, што потврдува и фактот дека во првите редови на ревијата седеа големи ѕвезди како Елтон Џон, Кирстен Данст, Дакота Џонсон и други.

x

Check Also

Хороскоп за јули 2020 година: Сатурн се враќа во Јарец, добри вести за сите земјени знаци!

Во јули планетата Сатурн ќе го напушти знакот на Водолија за да ...