Претставена последната колекција на Карл Лагерфелд за Шанел, емоции на модната писта

Во составот на париската модна недела, прикажана е последната колекција на неодамна починатиот дизајнер Карл Лагерфелд за француската модна куќа Шанел.

Лагерфелд во Шанел помина повеќе од три децении, обележувајќи цела една ера не само за Шанел, туку воопшто во модниот свет.

На модната писта, бројни манекенки заплакаа, а имуни на целата атмосфера не беа ни гостите на ревијата. Германскиот дизајнер не беше познат само по своите генијални креации туку и по извонредните сценографии за ревиите.

Така, колекцијата за сезоната есен/зима 2019/2020 беше прикажана во опкружување на планинско гратче прериено со снег кое за потребите на ревијата никна насред Grand Palais.

Снежните снегулки го фасцинираа дизајнерот до тој степен што ги претворил во фустани, од кои еден го носеше амбасадорката на брендот, глумицата Пенелоп Круз.

Погледнете дел од атмосферата.

 

x

Check Also

Деми Мур прекрасна (и гола) во фотосесијата за Харперс Базар

56-годишната глумица Деми Мур позира за насловната страница и едиторијалот на октомвриското ...