Преубави мини сукњи најдовме во есенската колекција од MANGO

Шпанската модна марка MANGO секогаш е во чекор со трендовите, а модните парчиња ни ги носи во најоригинално издание и оваа есен.

Во цетарот на вниманието од есенската колекција на Манго се мини сукњите кои совршено „стојат“ со високи чизми. Во зависност од пригодата, ги комбинираме со кошула, џемперче или пак, со блуза со ролка.

Посебно впечатливи се сукњичките од кожа и од вештачка кожа, но секако нема да одолееме и на класичната тексас сукњичка во модерна варијанта – со едноредни копчиња на средината.

Сите сукњи се украсени со детаљи кои им додаваат шарм – копчиња или ремени.

Еве ги нашите фаворити.

x

Check Also

Анастасија Ј. Гапиќ: Трендовска плус-сајз колекција за есен-зима за жени со самодоверба

За трендот оваа сезона есен-зима за дамите со облини, како и потребата ...