Превкусен чизкејк од јагоди, без печење

Уживајте во највкусната пролетна овошка – јагодата, на кремаст начин.

Од намирници потребни се:

За бисквитот – 300 грама мелени бисквити, 100 грама шеќер во прав и 150 грама маргарин.

За белиот дел – 350 грама крем сирење, 200 грама кисела павлака со најмалку 20 отсто масленост, 350 грама слатка павлака, 200 грама шеќер во прав, 2 ќесички ванилин шеќер, 1 ќесичка желатин (од 10 грама).

За желето – 300 грама јагоди, 3 лажици шеќер и 1 ќесичка желатин од 10 грама.

Подготовка

Измешајте ги мелените кекси/бисквити и ѓечерот во прав, па додадете го растопениот маргарин. Кога смесата ќе биде компактна, ставете ја на дното на калапот, втиснете ја со лажица или со рака, па оставете ја во фрижидер додека ја подготвувате кремата.

Измешајте го сирењето и киселата павлака со шеќерот во прав. Изматете ја слатката павлака и додадете ја на претходната смеса. Додадете го желатинот (желатинот потопете го со 5 лажици вода и загрејте го за грутките да се стопат, а никако да зоврие). Помешајте убаво и оваа смеса нанесете ја врз слојот од кекси.

Измешајте ги јагодите со шеќерот, па ставете ги на рингла малку да зовријат. Желатинот потопете го во 5 лажици вода. Кога ќе зоврие варете го уште минутка, па тргнете го од рингла. Добро измешајте за желатинот да се стопи и оставете смесата да се излади.

Кога смесата ќе се „стегне“ нанесете ја преку белиот крем и оставете го колачот во фрижидер неколку часа да отстои. Потоа, само отстранете го калапот и послужите.

x

Check Also

Слатко-солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. ...