Превкусен и здрав – Сладолед од авокадо

Позната е здравата страна на авокадото, но што велите за дегустација на вкусната страна преку еден сладолед од авокадо.

За до подготвите овој вкусен летен специјалитет потребно е:

– 2 зрели авокада

– 8 лажици млеко

– 4 лажици шеќер во прав

– 2 лажици какао во прав

– 60 грама темно чоколадо

– 2 лажици масло од кокос

Подготовка

Авокадото исечкајте го на парчиња, ставете ги во блендер се додека не добиете кремаста смеса. Потоа додадете го млекото, шеќерот и какаото во прав и продолжете да миксате уште неколку минути.

На пара растопете ја чоколадата со кокосово масло, мешајќи цело време. Растопеното чоколадо додадете го на смесата во блендерот и се заедно добро измиксајте го.

Истурете ја смесата во сад  и оставете ја во замрзнувач најмалку три часа.

Сладоледот сервирајте го декориран со парченца авокадо, малку банана сечкана на крукчиња и ситно исечкани фстаци.

x

Check Also

Превкусни палачинки од тиква

Дегустирајте ги овие слатки палачинки направени од кралицата на есента – тиквата. ...