Превкусен колач од јагоди – Снежна кралица

Пробајте го овој освежувачки десерт со пролетната кралица на овошките –јаготката.

Се подготвува брзо и не треба да сте „мајстор“ во кујната за да ги изненадите најблиските (се разбира и себе) со овој превкусен рецепт.

Од состојки потребно е – 1 пакување кори (тенки), 1 килограм јаготки, 2 павлаки (кисели), 500 грама шлаг пена, 200 грама шеќер во прав, чаша (200мл) кисела вода.

Подготовка:

За филот – Шлагот изматете го со студената кисела вода, па додадете го шеќерот во прав и киселата павлака. Мешајте со миксер додека не добиете крем. Во кремот додете ги и јаготките исечкани на кругови (или изгмечени).

Ставете една кора во тава, а потоа ставете од филот. Повторете ја постапката два пати, па наредете јагоди. Продолжете на ваков начи се додека имате материјал.

Снежната кралица ставете ја во фрижидер и оставете ја во текот на ноќта. Доколку ви се брза, ставете ја само два часа во замрзнувач пред да ја послужите.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...