Превкусен похован сладолед кој не се пржи

Ако се плашите да пробате да направите пржен сладолед, ви предложуваме да го пробате овој превкусен рецепт на похован сладолед кој не треба да го пржите.

slado 3

Потребни намирници – сладолед со вкус по желба, 125 грама корнфлекс, 100 грама бисквити Petite Beurre, 120 грама масло, 1 лажичка цимет, шеќер по желба, црно чоколадо за прелив.

Подготовка

Обликувајте го сладоледот во топчиња, па ставете го во замрзнувач за да се замрзне. Во меѓувреме, смелете ги бисквитите и корнфлексот во ситни трошки. Загрејте го маслото во тавче, потоа во врелото масло додадете ги трошките од корнфлекс и бисквити, додадете го и циметот и шеќерот и мешајте додека смесата не стане златно-жолта. Тргнете го тавчето од оганот. Топче по топче сладолед вадете од замрзнувачот и тркалајте ги во смесата од трошки (од сите страни треба да бидат добро обложени). Мора да бидете брзи зашто смесата е топла и сладоледот ќе почне да се растопува. На крајот прелијте го похованиот сладолед со растпеното чоколадо и веднаш послужете.

slado

x

Check Also

Домашен сладолед од банана и путер од кикиритки

Се подготвува брзо, не треба да сте вешти во кујната, а задоволството ...