Превкусен рецепт од Истра: Салата од бакалар

Во Истра храната е многу вкусна. Го имаат тој добар спој на рибни специјалитети, домашни тестенини, традиционални јадења од месо, но и неизбежниот пршут и сирење, а секако и волшебното маслиново масло.

ist3

Еден од специфичните превскусни специјалитети на истарската кујна е и таканареениот Бакалар на бело.

Потребно е – 400 грама бакалар, 3 дл маслиново масло, 30 грама лук, 1 ловоров лист, 20 грама сол, црн пипер 3 грама.

Подготовка – Бакаларот добро истолчете го со дрвен толчник и оставете го натопен во вода преку ноќ. Потоа ставете да се вари во солена вода. Додадете дел од ситно исечканиот лук, ловоровиот лист и гответе додека не стане мек. Исчистете го од коските и кожичката и повторно истолчете го додека не стане како пире. Останатиот лук исечкајте го, пропржете го на малку маслиново масло и додадете го на бакаларот. Посолете, наросете црн пипер и со мешање додадете го останатиот дел од маслиновото масло.

Послужете го со препечен леб и бело вино.

Едитирање

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...