Превкусна кремаста чорба од тиквички

Тиквичките се совршена намирница која може да се подготвува на различни начини. Може да се похува, да се исече на ленти и да се користи наместо тестенина, да се потпече, да се додаде во разни салати или од неа да се направи кремаста чорба.

Со оглед на тоа дека тиквичките содржат дури 90 отсто вода, станува збор за диетална намирница, која дополнително го хидатизира организмот и која помага да се чувствувате свежо.

За да ја подготвите оваа кремаста чорба од тиквички не ви треба многу време ни многу намирници.

4 средно-големи тиквички, 1 поголема главица кромид, 2 лукчиња, 1 лажица маслиново масло, 1 лажиче путер, 50 грама кисела павлака, малку магдонос и сол и црн пипер по желба.

Подготовка

Измијте ги тиквичките, исечете ги на поголеми кругови (со кората) и ставете ги да се варат на пареа заедно со исчистениот и исечкан кромид, десетина минути.

Изладете го зеленчукот, па потоа ставете го во блендер заедно со исечканото лукче, павлаката, путерот и маслиновото масло. Посолете и наросете црн пипер. Блендајте додека добиете густа супа.

Послужете со лажичка павлака врз супата и тостиран леб по желба.

x

Check Also

Пилешко со јогурт и есенски зеленчук, неповторлив вкус!

Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт. Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата ...