Превкусна штрудла од јаболка по виенски рецепт

Направете ја оваа традиционална виенска штрудла според рецептот на врвните мајстори од Виена.

Од намирници потребни се: 1 пакетче кори за штрудла, 100 грама путер,
3-4 поголеми јаболки, неколку капки лимонов сок, 3 лажици шеќер, цимет,1 кафена лажичка ванилин шеќер, сечкани ореви, шеќер во прав.

Фил: јаболкото се лупи и се сече на ситни парчиња, потоа се додава сокот од лимон, циметот, шеќерот и ванилиниот шеќер и се тоа добро се гмечи и меша.

Путерот се топи, а потоа се зема една кора и се премачкува со путер. Кората се сече на 9 до 16 коцки. Се става лажица од филот во средина на секоја коцка. Врз филот се ставаат и исечканите ореви.
Потоа, секоја коцка се превиткува во мала ролна, а краевите се виткаат во форма на бонбони.

Во претходно загреаната рерна на 190 степени, на хартија за готвење се редат малите штрудли во форма на бонбони и се премачкуваат со путер. Се печат 15 минути. На крајот се посипуваат со шеќер во прав и се послужуваат сеуште топли.

Добар апетит!

x

Check Also

Кремаст спанаќ во бешамел сос

Подготовката на спанаќ со млеко претворете ја во посебно јадење на кое ...