Пробајте го овој сладок десерт за кој не ви се потребни посебни вештини во кујната. Се подготвува брзо и лесно.
За да го подготвите овој вкусен десерт од состојки потребни се – 2 јајца, 150 грама шеќер, 90 грама путер, 300 грама меко сирење, 60 грама мелени бадеми, 2 лажици гриз, 1 лимон, 60 грама суво грозје, шеќер во прав.
Подготовка
Пенесто изматете ги путерот, шеќерот и сирењето. Додадете ги жолчките, бадемите, гризот, ренданата кора и сокот од лимонот.
Оставете ја смесата да отстои 10-на минути, па додадете го сувото грозје. На крајот во смесата измешајте ги претходно изматените белки.
Печете ја тортата 30-на минути на температура од 200 степени во тава обложена со хартија. Исклучете ја рерната и оставете ја тортата еден час да се лади во рерна.
Пред послужување изладете ја тортата во фрижидер и наросете ја со шеќер во прав. Може да послужите од парчето торта со топче сладолед, шлаг или овошје.