Превкусни бомбици од темно чоколадо и грав

Ако сакате да пробате поздрава верзија на чоколадни бомбици, ќе ви биде потребно квалитетно темно чоколадо, какао во прав, малку путер и – грав.

Потребни намирници – 1 конзерва грав, 8 лажици какао во прав, 1 +1/4 лажица путер и 100 грама темно чоколадо.

 Подготовка

Под млаз вода измијте го гравот. Ставете го во блендер и додадете ја лажицата путер и какаото во прав. Блендирајте додека добиете смеса која може да ја претворите во топчиња. Ставете ја смесата во фрижидер да отстои околу половина час. За тоа време стопете ја чоколадата со уште малку путер. Извадете ја смесата од фрижидер, направете бомбици и натопете ги во чоколадата. Вратете ги во фрижидер да отстојат уште половина час и послужете ги ладни.

x

Check Also

Превкусен и здрав – Сладолед од авокадо

Позната е здравата страна на авокадото, но што велите за дегустација на ...