Превкусни ќофтиња од грав

Здравата намирница полна со протеини пробајте да ја приготвите на овој вкусен начин.

Намирници – грав, малку масло, праз, сусам, сол и црн пипер.

 Подготовка 

Обарениот грав исцедете го од водата и со раце добро изгмечете го. Посолете па правете топчиња (ќофтиња). Исечкајте го и пропржете го празот на малку масло, наросете црн пипер, па празот распоредете го на тепсијата. Врз него наредете ги ќофтињата од грав, наросете врз нив сусам, поклопете и печете. Во текот на печењето контролирајте ќофтињата да не загорат.

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...