Превкусни се: Лазањи со тиква

За време на викендите имаме повеќе време да експериментираме во кујната и да приготвиме ручек или вечера што ќе претставува задоволство за целото семејство. Овие лазањи со тиква имаат неодолив вкус, а сепак нема да ве „заглават“ во куната. Подгответе ги овој викенд и уживајте во сите вкусови и мириси на есента.

Од намирници потребно е – 1 пакување готови лазањи, 1 помала тиква, 1 домат, 1 кромид, 200 грама сирење, 2-3 чешниња лук, 2 дл млеко, 2 лажици масло, лажица путер, лажица брашно, половина коцка за супа, малку морско оревче, сол, бибер

Подготовка

Кромидот, лукот, доматот и тиквата се сечкаат на мали коцки. На загреано масло се пржат исечканите намирници, па потоа се долива бујон од коцаката за супа, па се динста на тивок оган. Пред крајот на динстањето посолете и наросете бибер. За бешамел сос загрејте го путерот, измешајте го брашното, малку пропржете го, а потоа се прелива млекото, мешајќи постојано така што нема да се создадат грутки. Варете 10 минути, а потоа додадете сол и бибер по вкус. Намачкајте го тавчето со масло и наизменично редете ги лазањите, бешамел сосот и подготвениот зеленчук. Завршете со слој од лазањи, па врз нив истурете го остатокот од супата, бешам

x

Check Also

Кадаиф со мелено месо во сос, прсти да излижеш!

Кадаиф со мелено говедско во сос, односно „кадаиф манти“, специјалитет кој се ...