Со години популарно во скандинавските земји, кафето со јајца ја освојува Европа и за многумина станува задолжителен утрински ритуал.
Како да го подготвите?
Потребни ви се (за две лица) – три лажички црно кафе (нескафе), 1 филџан вода, 6 лажички засладено млеко, половина лажичка екстракт од ванила и 2 жолчки од јајце.
Изматете ги убаво жолчките од јајце заедно со екстрактот од ванила. Додадете ги лажиците млеко и продолжете да мешате се додека смесата не стане густа и пенаста. За матење може да употребите и електричен миксер.
Сварете го кафето во водата на вообичаен начин. Претурете го во два филџани за кафе. Врз него потоа додајте од пената со јајца.