Превртете ги нештата наопаку и погледнете дали можеби така изгледаат подобро

Со забавата на Absolut водка во Станица 26 на промоцијата на новогодишното пакување Absolut Electrik, мајсторски го смени начинот на игра, менувајќи ја конверзацијата и ресоздавајќи се одново со цел да продуцира и понуди нешто повеќе за своите фанови. Меѓу гостите беа бројни познати јавни личности, а за атмосферата беше заслужен ДЈ Зоки Бејбе. Атракција на вечерта беа и барменките кои висеа одозгора и ги служеа гостите кои беа импресионирани од новите вкусови на AbsolutElectrik.

 aps 3

„Горди сме што можеме да ја презентираме нашата најнова едиција претставена во Absolut Electrik со метален опсег, достапни во сина и сребрена боја што евоцира чувство на енергија способна секоја ноќ да ја претвори во „електронска„  и да додаде инфузија од креативност и трансформација“ – изјави Лука Луковски од Absolut. 

aps 1

 aps 4

Absolut Electrik ја содржи истата добро позната шведска вотка како и вообичаеното пакување Absolut водка. Направена е од исклучиво природни. Absolut има богат, полн и комплексен вкус, но мазен, весел и со посебен шмек. Сите вариации на Absolut водките се направени во иста дестилерија, со пченица од истите области и проверена вода од сопствен извор.
aps 5

„Absolut Electrik ја продолжува традицијата на воведување на ограничени изданија на крајот на секоја година. Шишињата-близнаци се достапни во електронски-сина и сребрена боја, со полу-транспарентен слој кој креира проѕирни рефлексии. Комбинацијата од двете бои ја креира препознатливата кобалт-сина Absolut боја, која естетски потсетува на трепкачки светла и пулсирачки битови. Ги повикувам сите да ја пробаат и одговорно да уживаат во забавата со најблиските за празниците кои доаѓаат“ – додаде Луковски.

 Мисијата на Absolut Electrik преку новата филозофија „Трансформирај ја денешницата“ е да ги поддржи соработките помеѓу артистите и фановите на Absolut, да овозможи проекти и инсталации, како и продукција на музика која ја застапува токму „трансформацијата“. 

Ова е надоврзување на претходните напори на Absolut да се фокусира на соработки со познати уметници и дизајнери како Енди Ворхол, Луиз Буржуа и Демијан Хирст. Absolut ја продолжува својата долгогодишна традиција на работа со “врвни уметници”, но овој пат нештата ќе се прават поинаку и со повисоки амбиции за поврзување со Absolut фановите ширум светот.

 

x

Check Also

МУЗИЧКИ БЛОК [НОЕМВРИ] ВО МКЦ

Од кога се немаме видено во сала 25 мај! Ви најавуваме 2 ...