Преземете го стилот од Лила, еве што ви е потребно

Ви се допаѓа стилот на Лила? Е па, повелете, преземете го!

slika 1. ocilata na Lila

Секогаш ќе ја видите со очила за сонце, значи прв чекор е да си набавите очила за сонце од марката „Рејбан“ или „Прада“. Таа ги носи и двата модела, ги менува во зависност од гардеробата, дали е облечена во спортска или малку поелегантна комбинација.

Нема потреба ама воопшто да се луксузирате и да си го губите времето талкајќи низ градот. Одберете гардероба од „Манго“ или „Зара“. Важно е, доколку не станува збор за фустан, комбинацијата на сукњата и кошулата (или маичката) да е складна.

lila 3

„Најмногу сакам кога ќе купам евтини, а ефектни парчиња гардероба кои изгледаат скапо. Во тоа е умешноста, да се искомбинираат вистинските парчиња“, вели Лила.

За свечени пригоди Лила се облекува во креации на Елена Лука. Посоветувајте се со креаторката, ако сте во дилема при изборот.

elena luka

И да, накит! Каде без накит?! За накитот „ала Лила“ би можеле да се советувате со Сашка од бутикот „AB“ кој се наоѓа во ГТЦ. Во продавниците на  „Оксет“ пак, има уникатни парчиња кои водителката ги носи и за дневни и за вечерни излегувања. Било што да одберете од „Оксет“ нема да погрешите, освен ако не претерате со „китењето“.

lila 2

Се разбира, чевлите се огледало на душата. Така барем вели една поговорка. И секогаш мора да се гланц чисти, без разлика дали сте се упатиле кон канцеларијата, на средба со пријателката во кафуле или пак само сте „тркнале“ до најблиската самопослуга. Лила носи чевличиња од бутикот „Балдинини“. Можеби ви звучат скапо, ама вредат за секој вложен денар. Најспосле, „Балдинини“ редовно има и сезонски попусти.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...