Причината има смисла: Меган Маркл и принцот Хари враќаат свадбени подароци вредни 9 милиони долари

Принцот Хари и Меган Маркл, враќаат 9,3 милиони долари во свадбени подароци, бидејќи вработените во Палатата сакаат да ги спречат компаниите да ги користат младоженците за маркетинг на своите брендови.

Ова е дел од вообичаениот протокол на кралското семејство. Правилата велат – „основниот принцип за прифаќање на подароци од страна на членовите на кралското семејство е дека не треба да се примаат подароци ни услуги кои би можеле да го стават членот на кралското смејство под било-каква обврска кон донаторот“.

На пример, модната марка „Бегс оф лав“ им испратила на двојката подарок кој вклучува костими за капење, во надеж дека би можеле да ги носат на нивниот меден месец. Кралските упатства наведуваат дека подароците кои имаат билокаква поврзаност со промоција на бизниси во Велика Британија, треба да се одбијат, освен ако тие не се сувенир од официјална посета или добиени во друга, лична пригода.

Кралската двојка уште една недела пред свадбата објавила дека подароците кои ќе ги добијат ќе бидат донирани на една од седумте хуманитарни организации со кои соработува Палатата.

Подарокот од кралицата пак, е нешто сосема друго. Таа за свадбата на Меган и Хари им ја го подарила замокот Јорк Котеџ во Сандрингем. Но, подеднакво великодушна била и со подарокто за свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011, кога им го подарила замокот Енмер Хол.

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...