Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од лошите навики. Еве ги причините поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето.

Појавата на брчките е неминовна. Секако, тоа многу зависи од типот на кожата, но и од лошите навики. Еве што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето.

Вежбајте – Според истражувањата, лицата кои не вежбаат и не се движат редовно, побрзо стареат и добиваат брчки.

Намалете го времето што го поминувате пред компјутер

Пијте повеќе вода – Водата е важна за сите процеси во организмот па и за забавување на стареењето на кожата. Недоволната хидрираност предизвикува сушење на кожата која тогаш лесно пука.

Намалете со маските и помадите – претераното користење на маските и препаратите за чистење на лицето можат повеќе да ни наштетат отколку што можат да ни помогнат. Сретствата за чистење го отстрануваат и природниот себум конј го одржува природното ниво на хидратација.

Не правете гримаси – Сите гримаси кои постојано ги повторувате, како што се смеењето, намигнувањето и мрштењето предизвикуваат создавање на брчки. Дури и ако пушите многу брзо ќе забележите брчки на лицето.

x

Check Also

Како до ефикасна нега на кожата според нејзините индивидуални потреби

Последните 2 децении доста често се менува пристапот за нега на кожата ...