Приказната на Славица Кикерковска

Aвон  ви ги дава алатките и поддршката за да изградите прекрасен бизнис, објаснува во својата животна приказна Славица Кикерковска, сениор менаџер во Авон.

 

Јас не би била јас доколку не е мојот тим на претставници и координатори“, вели Славица.

Јас не би била јас доколку не е мојот тим на претставници и координатори, вели Славица.

Славица Кикерковска од Скопје на тимот на Авон (AVON) се приклучила уште од самиот почеток. По професија е архитектонски техничар со стаж од 31 година во Министерството за одбрана, секојдневно е активна во продажбата на Авон, а има и две внучиња, Петра и Максим, но за себе вели дека е дисциплинирана и борец по природа, па со добро планирање на активностите може да ја исполни секоја обврска. „Некогаш тоа значи помалку слободно време и недостаток на сон“, објаснува Славица.

Со оглед на вашите обврски во семејството, домот и работата, како ја доживувате вашата ангажираност во Авон?

Авон го доживувам како задоволство. Морам да признаам дека одзема доста време и тоа на дневно ниво, но по природа сум дружељубива и сакам нови познанства, а остварувањето нови контакти и убавите дружења во Авон се секојдневие. Секое дружење таму се случува нешто ново.

Славица Кикерковска и Жанета Митрушевска

Славица Кикерковска и Жанета Митрушевска

Што ве мотивираше да им се придружите на Авон претставниците?

Уште пред да станам дел од тимот ги користев производите на оваа козметичка компанија,  нарачував преку пријателка во Бугарија. Бев задоволна од нивниот квалитет и пред сè мотивираноста произлезе од желбата да си ги дозволам сите производи, а понатаму секако и можноста за дополнителна заработка.

Што научивте во Авон? Дали ви се допаднаа обуките и можностите да се развивате професионално?

Авон ме научи на контрола и поинаков начин на комуницирање со луѓето. Обуките се многу корисни, како за работата во компанијата,  така и за секојдневниот живот. Пред сè, научив сè за производите, додека пак лидерските обуки нè учат на сосема поинаков пристап со луѓето. Можам да кажам дека Авон  ми го промени карактерот и ме научи на самоконтрола. По природа сум импулсивна и често се случуваше да не дозволувам да ми кажат дека не сум во право, но тука  научив да бидам потактична, а тоа го пренесувам и на терен. Верувам на тоа се должи и мојот успех.

Што сакате да постигнете во Авон? Кои се вашите соништа?

Сакам да напредувам, да имам поголема и стабилна структура. Пред сè посветена сум на претставниците и координаторите во мојата група и тие знаат дека секогаш можат да сметаат на мојата поддршка. Мотивирана сум да чекорам само нагоре и верувам во пензија уште повеќе ќе се посветам.

М.М

x

Check Also

#IStayHomeFor апел на социјалните мрежи од ѕвездите во борба со коронавирусот

Од Дејвид Бекам до Ема Вотсон, од Натали Портман до Шерон Стоун: ...