Приказната за Мериот започнала со пивница

Дали сте знаеле дека приказната за Мериот започнува со пивница пред 89 години на денешен ден. Тогаш младенците Ј. Вилард и Алис С. Мариот, заедно со својот деловен партнер Хју Колтон, ја отворија малата локална пивница што прво прераснува во ланец од ресторани, а понатаму се развива денешниот Мериот глобален хотелски ланец. Marriott International овој ден го одбележува со благодарност кон вработените.

Инспирирани од изјавата на Ј Вилард Мариот „Мотивирајте ги своите вработени, обучувајте ги, создадете од нив победници. Ние знаеме дека ако кон своите вработени се однесуваме добро, тие исто така добро ќе се однесуваат и со нашите клиенти, гости, а ако гостите се задоволни, тие ќе се вратат“, овој момент во сите Мериот хотели се одбележува со искажување на благодарност кон вработените, како продолжение на филозофијата и убедувањето на основачите на брендот.

Кон ова одлежување и иницијатива се приклучува и неодамна отворениот Skopje Marriott Hotel, како прв хотел во Македонија, со потпис на Marriott International. Лоциран на плоштадот Македонија, во центарот на градот, новиот хотел е експертски дизајниран, со цел да го понуди најдоброто од комфорот и стилот. Располага со 164 гостински соби и апартмани, вклучувајќи го и луксузниот претседателски апартман.

Денес Marriott International, Inc., е глобална компанија за хотели со 4.300 имоти во 80 земји. Минатата година Marriott International имаше приходи од близу 14 милијарди американски долари. Седиштето на компанијата е во Bethesda, Maryland, USA.

 

 

 

x

Check Also

ГАЛИЧКА СВАДБА 2021: Автентичната традиција продолжува

По пауза од една година поради ковид-19 пандемијата, претстојниот викенд продолжува традицијата на ...