ПРИНТ МАРАМИ | Како да го искомбинирате модниот тренд за 2019

Оваа пролетна сезона во тренд се принт-марамите со различни мотиви кои се вистински моден додаток за секоја жена и девојка во нејзниот аутфит. Оние кои носат марами го надополнуваат изгледот кој оддава храбар, моден и стилски белег во вашата појава.

Може да ги комбинирате со маички во јаки бои во комбинација со џинс или пак со пролетните лелави фустанчиња. Дополнително може да си поиграте со формите на врзување на марамите со што ќе привлечете внимание и освежување на модната комбинација која сте ја одбрале, на рамена или околу врат, но можете и како венче на косата или како додаток на чантата. Принт-марами носете во дневни комбинации за кафе или појадок на пролетното сонце или за работна атмосфера. За овие пригоди одберете минималистички принтови со пастелни бои. Нашиот предлог се пердувчиња со светликави линии, принтови со чадорчиња за пролетните дождови или принтови со вилинско коњче.

За денските прошетки во паркот одберете свежи бои за вашиот изглед и додаете овошни принтови како лубеница или тропски мотиви со кактуси.

Доколку се одлучите за излегувања како вечера или пијалок со пријателите предложуваме да искомбинирате анимал леопард принтови кои се вистински тренд за оваа сезона. Додадете и ремен околу струкот за повпечатлив изглед и имате совршена појава за вечерта.

Изборот за предлозите го пронајдовме во продавниците на Сара Фешн и онлајн на www.sarafashion.mk, а марамите се со супер цена од 190 ден. Одберете принт-марами и додајте свежина во вашиот пролетен аутфит!

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...