Принц Хари ќе го гледаме во документарната серија за ментални болести

Принц Хари ќе го гледаме во документарниот серијал за ментални болести, во продукцијата ќе му се придружи Опра Винфри, како и сопругата Меган.

Минатогодишната вест за продуцентскиот ангажман на принцот Хари и Опра, сега доби ново продолжение. Потврдено е дека Хари сепак ќе го гледаме на малите екрани. На продуцентскиот пар ќе им се придружи и Меган Маркл.

Принцот Хари отворено повеќепати зборуваше за своите ментални состојби, истовремено акцентирајќи ја потребата за свесност за превенција од психички болести. Затоа не изненадува неговата одлука да се посвети на продукција на документарна серија на таа тема. Откри дека тајно се среќавал неколку пати со Опра во Лондон.

„Чест ми е да соработувам со Опра на оваа исклучително важна серија на која работиме веќе со месеци. Верувам дека менталното здравје е клуч за продуктивно и силно општество“, своевремено изјави Хари.

Познато е дека принцот со години се бори со депресија.

x

Check Also

Збогум на дизајнерот на чевли, Серџо Роси

Италијанскиот дизајнер на чевли Серџо Роси почина на 85 годишна возраст. Позитивен ...