Принцезата Шарлота со сандалчиња од 10 евра и чантичка од 6 евра

Кејт Мидлтон е позната по комбинирањето на модни парчиња од луксузните модни марки со оние од „хај стрит“ брендовите. А по нејзин пример, и принцезата Шарлота го изразува својот моден стил.

 

На хуманитарниот поло куп King Power Royal Charity Polo Day, принцезата беше облечена во розово цветно фустанче од детската линија на француската модна марка Celine, кое го искомбинирала со бели сандалчиња од британската марка Џон Луис кои се достапни во продажба по цена од 10 евра.

Малата принцеза изгледот го заокружила со мала чантичка од американската марка за играчки Ty. Чантичката со лик на еднорог е украсена со светки кои ја менуваат бојата, а се продава на Амазон по цена од 7 ипол долари.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...