Принцот Чарлс зборува за прв пат по излегувањето од самоизолација.
71-годишниот наследник на тронот, кој со тестирањето покажа дека е позитивен на коронавирусот, сними три-минутна порака на Инстаграм, на профилот на Кларенс Хаус. Пораката е полна со сочувство.
– Поминав со благи симптоми, сега сум на другата страна на болеста. Тоа е невиден момент во нашите животи. Со мојата сопруга чувствуваме блискост до сите луѓе што ги изгубија своите најблиски, вели Чарлс.
Целото обраќање на принцот Чарлс, погледнете го – ТУКА.