Принцот Филип наполни 99 години и ќе прослави со ручек во друштво на кралицата

Војводата од Единбург сè уште е во домашна изолација заедно со сопругата, британската кралица Елизабета и нивниот персонал од 24 луѓе.

Денес, на 10 јуни принцот Филип ќе го прослави роденденот без голема забава. Но, оние што го познаваат добро, знаат дека војводата од Единбург не сака церемонии и нема многу да жали што нема да се слави неговиот роденден на вообичаен начин. Принцот Филип отсекогаш водел исклучително приватен живот и не сака да биде во центарот на вниманието.

Нема да има ниту традиционални истрели со топови, сепак тој ќе се обрати на нацијата преку видео.

Елизабета и Филип се во брак цели 73 години. Моментно се наоѓаат во изолација на имотот Виндзор, каде што престојуваат од март. За прославата на роденденот се организира ручек само за парот. Но, готвачот, бидејќи и тој е со нив во изолација, ќе приготви друг специјалитет наместо специјалитетот омилен на принцот, на база на лосос. Инаку, и самиот Филип е искусен готвач. Членовите на персоналот се пофалиле дека понекогаш и тој ним им подготвува јадење – месо на скара или риба.

 

 

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...