Принцот Филип против Меган Маркл: „Требаше да се тргне настрана како мене“

99-годишниот војвода од Единбург рече дека е разочаран од војвотката што не го следеше неговиот пример: поранешната актерка и даде предност на својата кариера, наместо да му помага на Хари во неговите кралски должности.

Ова го откри Ингрид Сивард, добро позната британска набљудувачка на кралското семејство, во телевизиско интервју за Скај Њуз: Принцот Филип се крена  против Меган (39), бидејќи таа не сакаше да ја поддржува монархијата и нејзиниот сопруг Хари. Војводата од Единбург не разбира како војвотката од Сасекс можеше да даде приоритет на „сопствениот глас“, наместо да му помага и да го поддржува Хари во неговите кралски должности.

Кога Елизабета станала кралица во 1952 година, војводата од Единбург се откажал од ветувачката воена кариера за да и служи на својата сопруга, останувајќи покрај неа повеќе од седум децении. Затоа принцот не го криел разочарувањето кон неговиот внук Хари, со кого ја дели воената страст, но кој ненадејно се откажа од сите свои официјални улоги за да ја следи својата сопруга преку океанот и да почне да води сосема поинаков живот.

Филип се обидува да ги разбере причините за одлуката на Хари да ја напушти својата земја и сè што му беше познато: „Принцот не разбира што го направи животот на неговиот внук толку неподнослив“, додаде Севард, која напиша нова биографија, насловена Prince Philip Revealed: A Man of His Century., објавена денес во Велика Британија од издавачката куќа Симон и Шустер.

x

Check Also

Дуа Липа го рекламира новиот парфем од Сен Лоран – YSL Libre Intense 

Поп пејачката Дуа Липа се врати во нова соработка со луксузната модна ...