Принцот Хари – касиер во Бургер Кинг, популарниот ланец му понуди работа на принцот

Познатиот ланец за сендвичи, Бургер Кинг, на шега му понуди на принцот Хари работно место – да биде касиер, откако е многу актуелна веста дека тој и неговата собрука сакаат финансиски да се осамостојат.

Од Бургер Кинг преку социјалните мрежи му предложија и плата на принцот, а таа е иста како и за сите вработени во сендвичарата – 8 долари на час, како и можност да работи половина работно време.

Оваа шега за кратко време стана хит на социјалните мрежи.

Инаку, ланецот за хамбургери Бургер Кинг е познат по ироничните шеги кои се дел од маркетингот на компанијата.

x

Check Also

Збогум на дизајнерот на чевли, Серџо Роси

Италијанскиот дизајнер на чевли Серџо Роси почина на 85 годишна возраст. Позитивен ...