Принцот Хари наполни 36 години, прв не-кралски роденден 

Вториот син на Чарлс од Англија и Лејди Дијана е роден во Лондон на 15 септември 1984 година. Роденденските желби ќе бидат строго виртуелни и можеби не сите ентузијастички, со оглед на загриженоста за неговата нова холивудска кариера.

Ова е нова, возбудлива фаза од животот на Хари, но сè пооддалечена од семејството во Велика Британија: 36-тиот роденден ќе биде многу поразличен од сите досега прославени. Принцот, некогаш многу сакан во својата татковина, сега живее своевиден доброволен егзил во Калифорнија, откако изненадувачки го напушти британскиот двор, минатиот јануари, заедно со сопругата Меган (39) и нивниот син Арчи кој минатиот мај наполни 1 година.

Хари сè уште се држи до титулата војвода од Сасекс, но, благодарение на профитабилниот договор со Нетфликс и другите важни медиумски соработки, пред се на оној со Опра Винфри, тој успеа за околу осум месеци да ја добие посакуваната финансиска независност што доведе до одвојување, можеби засекогаш, од бабата Елизабета и таткото Чарлс.

 

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...