Принцот Хари наседнал на руски телефонски измамници и си го отворил срцето мислејќи дека зборува со Грета Тунберг

– Бев војник десет години. Нешто се смени во мене со текот на годините, станав свесен за тоа кој сум. Но, моето семејство не го разбра тоа. Потоа се запознав со Меган, жена ми. Жена кога е секогаш преземлива и која отсекогаш знае како да ги брани  своите права. Беше природно, дури и болно, да се напушти кралското семејство, – принцот Хари со отворено срце ѝ признал на шведската активистка Грета Тунберг и нејзиниот татко Сванте во телефонски разговор. Мислел дека разговара со неа. Но, тоа биле двајца руски измамници, познати по нивните шеги, Алексеј Столиаров и Владимир Кузњецов, кои во минатото на ист начин ги прелажаа и Елтон Џон и американски демократски кандидат Берни Сандерс.

Во телефонскиот разговор со лажната Грета Тунберг, принцот Хари истакнал и дека е целосно изолиран од остатокот од семејството и дека „поентата не е да си принц или принцеза, дека во сложувалката има многу парчиња. Понекогаш вистинските одлуки не се носат лесно“.

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...